Коњаницата вечерва во Доброшане и Орашац, утре низ улиците на Куманово (видео)

01.08.2025 19:04 | KumanovoNews

Коњаничкиот марш, кој се организира по повод празникот  Илинден, денеска ќе продолжи кон населбите Доброшане и Орашац.

Коњаницата вечерва во Доброшане и Орашац, утре низ улиците на Куманово (видео)

Таму коњаницата ќе бидат околу 19:00 часот и по кусо задржување ќе продолжи кон селото Орашац, каде што во 20:00 часот ќе пристигне кај црквата „Св. Илија“.

Организатор на маршот е Иван Цветковски од село Тромеѓа, кој има своја фарма за коњи, и на овој начин сака да ја промовира македонската историја и култура.

„Коњаницата е симбол на достоинството, истрајноста и љубовта кон родната земја. Идејата за маршот се роди пред повеќе од три години, но дури оваа година се создадоа услови за нејзина реализација“,  вели Цветковски, кој е поранешен припадник на АРМ. 

Утре на самиот празник, 2 Август, коњаниците ќе маршираат низ улиците на градот. Стартот е во 18:00 часот од Тромеѓа, а завршницата е планирана до 20:00 часот пред Спортската сала во Куманово.

Коњаницата вчера беше во населбите Карпош,  Ајдучка Чешма, Перо Чичо и Иго Тричковиќ, и со воодушевување беше пречекана од тамошните жители.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да го одбележат празникот во духот на илинденската традиција.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk