Коњот Пикасо и магаренцето Марга - главна атракција на новогодишниот базар во Крива Паланка (видео)

26.12.2023 12:16 | Жаклина Цветковска

Коњот Пикасо и магаренцето Марга се главна атракција на новогодишниот базар на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Коњот Пикасо и магаренцето Марга - главна атракција на новогодишниот базар во Крива Паланка (видео)

Најсреќни се најмалите што можат да ги јаваат омилените животни од ранчот Кантрисајд од Ранковце на познатата хуманистка и претприемачка Мариа Дибиаџио.

Со јавањето на Пикасо и Марга дечињата добиваат и новогодишна честитка, а по желба и фотографија за спомен на прекрасните предновогодишни моменти.

Како се приближуваат новогодишните празници, се побројни се и најмалите кои уживаат во празничната атмосфера, а исто така и предновогодишната понуда и забава.

Така, годинава главен хит е напитокот „бабл ти“ или бабл чај кој всушност е чај или овошен сок со топчиња од желе исполнети со сок. Оригиналниот пијалок на база на чај со слатки топчиња од желе од тапиока бил измислен во Тајван во 1980-тите. Поради својот необичен изглед и текстура, станал толку популарен што низ целиот свет што почнале да се отвораат специјални кафулиња, каде што се служи само ова задоволство.

Предноводогишната програма нуди бројни настапи на македонски, изведувачи и бендови меѓу кои Дејвид Зекиров, Мартија Станојковиќ, Слаткар, Антонија Гиговска, НК, Два Бона, Либеро бенд и Барбара Ракичевиќ, Дац и Александар, Некс тајм.

Најмладите и тинејџерите, пак, ќе уживаат во детски претстави, концерти, жонглери, комични настапи, огнено шоу и спектакуларното пристигнување на Дедо Мраз на 30.12.2023 година на Градскиот плоштад во 13,30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk