Конкурс за акредитација на здруженија на наставници за организирање натпревари

19.02.2015 10:24 | KumanovoNews

Во Министерството за образование и наука во тек е Конкурс за акредитација на здруженија на наставници кои ќе организираат натпревари на ученици од основните  и средни училишта.

Конкурс за акредитација на здруженија на наставници за организирање натпревари

Наставните предмети за кои ќе се акредитира организатор на натпреварите, како и потребната документација за аплицирање се наведени во конкурсите објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk. Пријавата за акредитација и потребните документи се доставуваат до писарницата на Министерство за образование и наука најдоцна до 6 март 2015 година.

Право на учество имаат Сојузите на здруженија на наставници и здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или Сојуз на здруженија по одделен наставен предмет за период од три години почнувајќи од 2015 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk