Конкурс за еко училишта и еко градинки

30.09.2015 09:42 | KumanovoNews

Здружението ОХО  распишува конкурс за наградување на училишта и градинки за бронзено ниво, сребрено ниво и ниво на зелено знаме.

Конкурс за еко училишта и еко градинки

ОХО ја реализира програмата “Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ заедно со МОН и Швајцварска агенција за развој и соработка.

Училиштето или градинката треба да се вклучени во една од трите учебни години од имплементацијата на оваа програма.  Да имаат учествувано на сите обуки организирани од програмата (обука за директори, обука за претставници од педагошко-психолошката служба на училиштата/градинките, обука за наставник/воспитувач координатор).

Целосно ги реализирале седумте чекори еко-менаџмент со активно вклучување на децата, учениците, вработените и родителите. Да имаат потпишано Меморандум за соработка со општината. Оваа  програма треба да ја имаат вклучено во годишната програма за работа преку интегрираното планирање на точките на акција од еко-стандардите.

Училиштата и градинките можат да аплицираат за едно од нивоата на наградување исклучиво електронски  најдоцна до 25 октомври 2015 година до полноќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk