Конкурс за фотографии со убавините на Скопје

21.08.2015 14:47 | KumanovoNews

Во тек е конкурсот за откуп на фотографии со мотиви од главниот град.

Конкурс за фотографии со убавините на Скопје

Конкурсот ќе трае во наредните три месеци, а  го распиша град Скопје. Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица. Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од  Скопје. Испратените фотографии треба да се изработени во дигитален ТИФ формат, со висока резолуција и подготвени за печатење. Тие не треба да бидат постари од една година и не треба да се претходно објавувани  или да биле пријавени за учество на други конкурси.

Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на веб сајтот на град Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk