Конкурс за фотографија „ Мое Куманово“

28.10.2016 13:04 | KumanovoNews

Општина Куманово распишува конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од општината.

Конкурс за фотографија „ Мое Куманово“

Најдобрите фотографии ќе бидат искористени за промоција на Oпштина Куманово.  

„Општина Куманово ги повикува сите заинтересирани професионалци и аматери да се пријават со свои авторски фотографии. Мотивите на фотографиите да бидат од Општина Куманово, панорамски фотографии, ноќна фотографија од Куманово, знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани итн. Ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на Општина Куманово,- стои во соопштението од општината.

  Конкурсот ќе трае да 21.11.2016 година. По завршувањето на рокот за пријавување, стручна комисија ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе одбере 30 најдобри кои ќе бидат изложени.За најдобрите ќе следат награди од 20.000 денари, 15.000 денари и 10.000 денари.

Пријавата за учество на конкурсот може да се симне од веб страната на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk