Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Објавен е конкурс за учество на меѓународна обука за млади лидери, која ќе се одржи во Охрид од 16 до 28 август под покровителство на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
Можат да се пријават млади луѓе со завршено високо образование од Македонија и деца на наши иселеници кои живеат во странство. Услови кои треба да ги исполнуваат е да имаат добро познавање на англискиот јазик, просекот да не им е понизок од 8.5, а работно искуство од една до пет години ќе се смета за предност.
Програмата опфаќа практични вежби и предавања за лидерство со еминентни професори од земјава и странство.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk