Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование и наука распиша конкурс за избор на најчисто и најбезбедно училиште.
Основните и средните училишта можат да се пријавуваат до крајот на март годинава. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на најбезбедно и најчисто училиште треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.
Министерството за образование и наука ќе додели признанија на три основни училишта и три средни училишта како најбезбедни и најчисти училишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk