Конкурс за најдобра литературна творба на српски јазик

20.11.2019 10:20 | KumanovoNews

Обединета српска заедница Куманово(ОСЗК), распишува конкурс за најдобра литературна творба на слободна тема за учениците од основните училишта во Македонија.

Конкурс за најдобра литературна творба на српски јазик

Литературните творби можат да бидат поезија и проза, а треба да бидат напишани и презентирани на српски јазик.

„Најдобрата творба ќе биде наградена и ќе го носи името на Вук Караџиќ. Наградата се состои од диплома и печатење книга на српски јазик за првопласираниот ученик, додека второ и трето пласираните ќе добијат диплома и три односно две книги. Ги повикуваме сите ученици да земат учество за да се афирмираат и да го истакнат својот квалитет и познавање на српскиот јазик“, -  вели  Часлав Јовановиќ, претседател на Обединета српска заедница Куманово.

    Творбите да бидат се достават најдоцна до 30.11.2019 година на email [email protected].

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk