Конкурс за студенти за патување низ Европа

19.06.2014 07:55 | KumanovoNews

Сите студенти од завршната година со просек 8 можат до 1 јули да се пријават на конкурсот на граѓанската асоцијација МОСТ за пат низ Европа.

Конкурс за студенти за патување низ Европа

Целта на овој проект е 12 студенти од Македонија, преку патување директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија.

Патувањето ќе започне на 29 јули, а аплицирањето е електронски.  Формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет страната на проектот www.patvoevropa.org.mk.

“Патуваме во Европа” последните седум години е регионален проект, кој освен во земјава се реализира и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk