Конкурс за уметничко дело на тема “Извидници“

07.02.2014 10:05 | KumanovoNews

По повод 60 години од своето основање и Светскиот ден на извидниците 22 февруари, Сојузот на извидници на Македонија распиша конкурс за изработка на слика, фотографија или скулптура на тема “Извидници“.

Конкурс за уметничко дело на тема “Извидници“

Најдоцна до 14 месецов творбите треба да бидат пристигнати до  Сојузот на извидници на Македонија. Делата ќе бидат изложени во Уметничката галерија “КОРА” во Дом на Култура “Кочо Рацин“ Скопје, а за најдобрите 3 следуваат плакети и парични награди од 50 000.00 денари.

Сите изложени дела ќе бидат понудени на аукција, а собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на функционирањето на Сојузот на Извидниците на Македонија и Извидничките одреди од земјава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk