Констатиран престанокот на пратеничката функција на Димитриевски

01.11.2017 11:49 | KumanovoNews

Собранието го констатираше престанокот на мандатот на пратениците кои беа избрани за градоначалници во првиот круг на локалните избори, меѓу кои и на Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Констатиран престанокот на пратеничката функција на Димитриевски

Пратениците од СДСМ на кои им беше констатиран престанок на мандатот ја напуштија собраниската сала, поздравувајќи се со своите сопартијци и заминаа во општините каде што се избрани за градоначалници.

Во продолжение на седницата ќе се верификуваат мандатите на новите пратеници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk