Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во полициската акција “Гора“, која се спроведува од крајот на јуни досега, направени се контроли во 26 складови за дрва во Куманово.
При тоа, кај 4 од нив се откриени неправилности во работењето.
СВР Куманово презеде мерки на кривичен прогон против директорот на подружницата на Македонски шуми во Куманово, поради незаконско присвојување на 6.500 евра од благајната на претпријатието и огревно дрво во вредност од 1.500 евра.
Во акцијата “Гора“, која се спроведе во целата држава запленети се над 1000 метри кубни дрво, или во просек по три камиони дневно со вредност од над 36.000 евра.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk