Во угостителски објекти констатирани 8 прекршоци, три во Куманово

28.01.2023 15:06 | KumanovoNews

Ноќеска од полноќ до 4 часот, полицијата во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и УЈП, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во осум градови на 185 локации. 

Во угостителски објекти констатирани 8 прекршоци, три во Куманово

Вкупно се констатирани 8 прекршоци, од кои на подрачјето на СВР Куманово се три. Еден е за присуство на малолетници после 00.00 часот, како и два прекршока по Законот за лична карта.

За присуство на малолетници после 00.00 часот, прекршоци има и на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Велес и СВР Тетово.

При контролите во Скопје, бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај  Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож. 

Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во с.Арнакија.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk