Копајќи подрум извадиле артефакти

30.10.2013 15:28 | KumanovoNews

 Во село Никуљане работник копал подрум за викендичка и пронашол артефакти кои ги оставил расфрлани покрај ископот.

Копајќи подрум извадиле артефакти

Во септември минатат година Г.С.(47) од с.Челопек го ангажирал Г.Н.(31) од с.Старо Нагоричане да ископа подрум за викендичка во с.Никуљане, Општина Старо Нагоричане. Во текот на ископувањата пријавените нашле керамички садови, артефакти кои не ги пријавиле во Музеј Куманово, туку ги оставиле во дворот расфрлани.

Двајцата ќе одговараат за кривично дело “оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk