„Коса“ – Изложба на Биљана Кајевиќ во Кратово

31.10.2016 09:40 | KumanovoNews

Во Музејот на град Кратово - Кратово, утре во 12.30 часот, во Изложбениот салон, ќе биде отворена изложба на фотографии, цртежи, објекти на авторката Биљана Кајевиќ.

„Коса“ – Изложба на Биљана Кајевиќ во Кратово

Изложбата е со наслов “Коса“ и се базира на линија, структура, форма, симболика и сето тоа преточено во дваесеттина експонати во коишто косата е ставена во разни контексти и релации. Проектот е во координација со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk