Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца државјани на Косово минатиот месец краделе по куќи во липковските села.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Б.(28) и К.Г. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба“ во обид.
Пријавените во период од 05.07 до 20.07.2016 година на подрачје на општина Липково-селата Матејче, Отља и Липково петте дела тешки кражби во куќи ги сториле со употреба на физичка сила, со насилно отварање на прозори и влезни врати при што одземале парични средства, златен накит и техничка стока.
Другите дела тешка кражба во обид се извршени на подрачје на с. Матејче од куќи во кои пријавените не одзеле ништо.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk