Косовец фатен со хероин и фалсификувана српска возачка дозвола

10.11.2016 14:34 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против косовец, кој бил фатен со фалсификувана возачка дозвола и хероин.

Косовец фатен со хероин и фалсификувана српска возачка дозвола

М.А.(32) од Р.Косово, ќе одговара поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот на 04.11.2016 година на ГП „Табановце“, кој бил со патничко возило „Рено Лагуна“, од страна на полициски службеници му бил извршен преглед при што била пронајдена 1,35 грама наркотична дрога хероин и фалсификувана српска возачка дозвола на негово име.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk