Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во посета на општина Куманово, денеска престојуваше заменик-министерот на заедници од Косово, Јолџи Шаља.
Градоначалникот Зоран Дамјановски го запознал Шаља со правата на Ромите во Куманово, меѓу кои и употреба на ромскиот јазик во Советот на општината.
Главната тема за која зборувавме е реадмисија на Ромите, кои во бегалската криза во воените дејствија во Јужна Србија и Косово дојдоа во Македонија. Еден дел од нив се вратени дома, но има кои останале и се вклучиле во општеството. Сега се прават заложби под покровителство на европската заедница да се вратат тие луѓе и да им се овозможат услови за нивна ресоцијализација на Косово,- изјави Дамјановски.
Заменик министерот Шаља се заблагодари на Република Македонија што во 1999 година, прими голем број на Роми од Косово кои останала да живејат тука.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk