Костовски: Дали Мицковски посегнал по парите на еден од осомничените во предмети на СЈО

26.07.2019 12:32 | KumanovoNews

 Од СДСМ денеска го прашаа лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицковски, зошто седми ден бега и не одговара пред граѓаните  дали посегнал по парите на еден од осомничените во предмети на СЈО.

Костовски: Дали Мицковски посегнал по парите на еден од осомничените во предмети на СЈО

„Дали Христијан Мицковски во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал со еден осомничените во случајот „Рекет“? Дали посегнал по парите на еден од осомничените во предметите на СЈО? Мицковски мора да се одважи и да излезе и да одговори пред граѓаните, - изјави претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.

Тој додаде дека јавноста заслужува одговори на овие прашања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk