Костовски: Куманово остана бастион на СДСМ, а добивме и технички премиер од нашата општинска организација

31.12.2019 10:24 | KumanovoNews

2019 година беше многу успешна за општинската организација на СДСМ, затоа што извојувавме уште една победа на претседателските избори, а добивме и технички премиер кумановец, смета претседателот Мартин Костовски, кој оваа година беше реизбран по третпат за претседател.

Костовски: Куманово остана бастион на СДСМ, а добивме и технички премиер од нашата општинска организација

„На претседателските избори бевме една од ретките општински организации коишто победивме уште во првиот круг, а во вториот круг ги косолидиравме редовите и заедно со коалицијата освоивме над 22.000 гласови. Докажавме дека Куманово останува бастион на СДСМ на ниво на државата. Оваа година по третпат бев реизбран за претседател на општинската организација и се надевам дека предизвикот во 2020 година, а тоа се предвремените парламентарни избори, подучени од искуствата од 2019 година ќе направиме уште подобар резултат и ќе опстоиме на победничките патеки во Куманово како во изминатите 29 години“, смета претседателот.

Уште еден голем успех во оваа година за кумановското СДСМ е и изборот на Оливер Спасовски за техничкиот премиер.

„На последната седница на централниот одбор, нашиот партиски другар Оливер Спасовски од општинската организација на СДСМ, е партиско решение за нов технички премиер и тоа е уште едно признание на нашата општинска организација. Тоа на некој начин ни е ветар во грб за понатамошните успеси во партијата“, - додава Костовски.

Тој се надева дека како и досега, и по победата на парламентарните избори новата влада ќе продолжи со вложувањата во инфраструктурата, подобрувањето на животниот стандар на граѓаните, зголемувањето на платите, пензиите и социјалната помош на најранливите категории на граѓани, се со цел да се намали сиромаштијата и да се подобрат условите за живот во државата.

СДСМ синоќа организираше хуманитарна новогодишна забава, а средствата ќе бидат донирани на семејство во Куманово.

„ Форматот на вечерашнава дружба со членовите на управниот и надзорниот одбор, претседателите на месните одбори и членството е со хуманитарна димензија. Вечерва собираме пари за помош на семејството Станоевски, кое се наоѓа во тешка материјална состојба, живее на работ на егзистенција. Се надевам дека нашата скромна помош ќе помогне новогодишните празници да ги поминат достоинствено“, заврши Костовски.

  Тој им ги честиташе празниците на сите граѓани и им посака успешна година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk