Костовски: Немаше физичка пресметка ни повредени во синоќешната расправија

22.03.2017 12:32 | KumanovoNews

Претседателот на општинската организација на СДСМ Мартин Костовски ги отфрла обвинувањата дека тој го предизвикал инцидентот што синоќа се случил по протестот „За заедничка Македонија“ во Куманово.

Костовски: Немаше физичка пресметка ни повредени во синоќешната расправија

 Тој тврди дека на протестот бил испровоциран од еден од трактористите и дошло до меѓусебна расправија, но не и до физичка пресметка.

„На синоќешниот протест еден од учесниците кој возеше трактор се обиде да ме испровоцира при моето поминување по улицата, претпоставувам дека намерата му била да изреагирам бурно со што би дошло до поголем инцидент. Кога се приближив до тракторот тој почна неконролирано да додава гас и да создава врева.Јас му кажав дека не е во ред тоа да го прави, при што тој излезе со чекан во рака, се обиде да ме удри, но јас ја задржав врата и започнавме вербална комуникација. Тука заврши целата препирка. Ниту имало физички контакт, ниту некој бил удрен и поврден, - изјави Костовски на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Костовски тврди дека најмногу го погодила лагата дека тој псуел „мајка македонска“.

„Почитуван пријателе што вчера изјавивте дека сум ве нападнал, пред да фрлите камен на друг запрашајте се дали се човечко е исчезнато во вас. Јас сум Македонец, моите родители се Македонци, роден и образован во држава која ја сакам и за која се борам да биде слободна, демократска и среќна. Со крената глава јас сум горд Македонец, - изјави Костовски.

Тој вели дека медиумската машинерија во ВМРО-ДПМЕ се обидела да исценира, конструира и презентира небулози и лажни информации, претставувајќи го како насилник и провокатор, кој шири говор на омраза, но тој како демократ по убедување го подржува правото на протест и правото на слободен говор, но во никој случај спинување и монтирање на невистини.

  Костовски се надева дека МВР професионално ќе го расветлат овој настан во најбрз можен рок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk