Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Преименувањето на плоштадот од Нова Југославија во Македонија е неоправдано, непотребно и нелогично, вели Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово.
Костовски додава дека во ваква турбулентна година, нема потреба да се даваат идеи за преименување на улици и плоштадот.
Немајќи идеја, нити храброст, нити можност нешто да сменат во градот Куманово како општински комитет, како раководство на една партија на власт на централно ниво, се трудат со некои квази патриотски условно кажано потези да одбранат нешто што одамна е загубено. Да сочуваат нешто што мислат дека можат да го сочуваат, меѓутоа сигурен сум дека граѓаните на градот Куманово ваквата иницијатива веќе во самиот старт ја препознаа како лицемерна, како недоволно добра и како непотребна во моментов, во денешницата во која живееме - рече Костовски.
Тој вели дека отпочнувањето на овој процес може да задира во меѓуетничките односи и смета дека ВМРО-ДПМНЕ со вакви потези сака да ја дефокусира јавноста од проектот „Вистината за Македонија“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk