Костовски вечерва ќе го претстави својот тим

12.09.2013 14:29 | KumanovoNews

Луѓе од доверба на новиот претседател се: Бране Ивановски, Сања Андоновска, Оливер Илиевски, Зоран Колевски, Томица Илиќ...

Костовски вечерва ќе го претстави својот тим

Општинската организација на СДСМ вечерва ќе одржи изборна конференција на која ќе бидат избрани членови на извршниот и надзорниот одбор на партијата.

Мандатарот Мартин Костовски ќе ги соопшти имињата на тимот, со кој ќе ја води партиската организација во наредните 4 години.  

Верификација на мандатите од делегатите ќе добијат 18 члена на извршен и 6 на надзорен одбор.

Во новиот управен одбор ќе членуваат докторите Бране Ивановски, матичен лекар, Сања Андоновска, гинеколог во Општата болница Куманово, Оливер Илиевски раководител во Шпаркасе банка, Зоран Колевски поранешен советник, Томица Илиќ ветерина, Видан Алексиќ од Куманово-Гас, Бисера Благојевиќ портпарол во општината, Александар Тушевски лекар и др.

 Како што дознаваме од партијата во новото општинско раководство ќе се најдат тројца лекари, по двајца претставници од селата и приградските населби, 7 жени и 9 членови помлади од 32 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk