Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Коалицијата за позитивна Македонија за парламентарните избори ќе води кампања со директни средби со граѓаните и очекува резултати кои ги изненадат политичките опоненти.
Начинот на водење на политиката во нашата земја треба да претрпи позитивни промени, промени кои ќе ја насочат земјата во вистински правец. Пристапот на КПМ на општинска организација Куманово во вториот дел од изборниот процес започнува теренски. Наметнувањето за идејата за големи митинзи, собири не е агенда на коалицијата. Планираме посетите со граѓаните да бидат директни и спонтани. Како трета политичка опција ќе бидемe најпријатно изненадување на овие предвремени парламетарни избори - изјави Иван Арсовски, портпарол на КПМ Куманово на денешната прес-конференција.
Од партијата изразија загриженост од ниската излезност на граѓаните во првиот круг на претседателките избори и рекоа дека тоа е одраз на бипартизмот кој се форсира 20 години во Македонија.
Ги повикаа граѓаните да им дадат поддршка на 27 април за нивната листа на пратеници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk