Краделе на бензинска пумпа, кога ги фатиле еден од нив нападнал полицаец

25.12.2019 20:10 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.Ј.(38) од Крива Паланка, поради тоа што заедно со уште две лица извршил кражба на над 50 различни предмети од бензинска пумпа во Куманово.

Краделе на бензинска пумпа, кога ги фатиле еден од нив нападнал полицаец

Според пријавеното, тој и двете лица искористиле прилика кога на бензинската пумпа имало повеќе луѓе и во неколку наврати ги одзеле предметите и ги ставиле во патничко возило „сузуки гранд витара“ со бугарски национални ознаки, кое било паркирано пред пумпата. Тие биле забележани од вработените по што била повикана полиција и агенција за обезбедување. Е.Ј. бил лишен од слобода, додека при преглед во возилото биле пронајдени предметите.

По приведувањето во СВР Куманово, Е.Ј. почнал да се однесува агресивно и физички нападнал еден полициски службеник. По преземени мерки, во врска со настанот биле приведени и Д.М.(33) и С.С.(36), двајцата од Крива Паланка. По целосно документирање на случајот против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, додека против Е.Ј. ќе биде поднесена и кривична пријава поради „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk