Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција денеска во два одвоени случео уапси четири лица од Куманово, заради тешка кражба. Двајца се сомничат дека краделе од две куќи и деловен објект, другите двајца пак краделе од гаража.
„Утрово во 06 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода дваесет и деветгодишниот М.З.(29) и четириесет и седумгодишниот Р.Е. поради постоење основи на сомнение дека во три наврати, на 19- ти февруари, 9 и 19-ти април годинава, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети“, соопштија од СВР Куманово.
Исто така, утрово во 06:50 часот, кумановската полиција врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 3-ти февруари годинава, со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска" одзеле повеќе разни предмети.
Четворицата уапсени биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk