Кратовец со ловечка пушка го застрелал соседот, па се самоубил

18.04.2019 12:34 | KumanovoNews

 Убиство и самоубиство, вчера попладне се случило во кратовското село Луково.

Кратовец со ловечка пушка го застрелал соседот, па се самоубил

  Крвавата пресмета се одиграла во 14,20 часот, кога Г.К. (57) од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на Р.А.(66) од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на лице место.

Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk