Кратовка со фалсификувани евра отишла во казино

14.01.2021 12:17 | KumanovoNews

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ф.(24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари", казниво по член 268 од Кривичниот законик.

Кратовка со фалсификувани евра отишла во казино

Пријавената М.Ф.(24) набавила две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра и на 26.11.2020 во казино во Скопје ги пуштила во оптек, односно ги разменила за денари и на тој начин го сторила кривичното дело, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk