Креативна работилница „Шарено јајце“ се одржа во Музеј Куманово

02.05.2024 14:33 | Оливера Пешевска

Ученици од прва и третта година на Гимназијата „Гоце Делчев“ со професорката Валентина Јовановска, учествуваа на креативната работилница „Шарено јајце“ во НУ Музеј Куманово. 

Креативна работилница „Шарено јајце“ се одржа во Музеј Куманово

Ова е прва работилница посветена на големиот христијански празник Велигден, иако и порано биле одржувани уметнички работилници на различни теми, со различни материјали.

На работилницата учествувале 10- тина ученици, кои изработиле повеќе од 60 велигденски јајца.

„Имавме продуктивна работилница со вредни ученици. Изработени се повеќе од 60 јајца кои ќе останат како дел од духовната култура на постојната поставка. Учениците ја вложија својата креативност и вештина, а сите материјали ги обезбедивме ние. По празниците, започнувајќи од 9 мај ќе можат да се видат во зградата на Музеј Куманово“, истакна Надица Петковиќ, виш кустос.

Велигденските јајца се изработени со акрилни бои, туш, креп- хартија, а користени се мотиви од народното творештво и флорални мотиви кои можат да се најдат на носиите, скутините од кумановскиот крај.

Освен Петковиќ за одржување на работилницата заслужна е и нејзината колешка Валентина Илевска, виш кустос на Музеј Куманово.

Креативната работилница „Шарено јајце“ е проект финасисран од Министерството за култура, поддржан од НУ Музеј Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk