Креативна работилница во ОУ “Вук Караџиќ“

12.11.2013 11:05 | KumanovoNews

Во ОУ “Вук Караџиќ“ утре ќе се оддржи креативна работилница по повод Месецот на книгата.

Креативна работилница во ОУ “Вук Караџиќ“

Работилницата е насловена “Како да напишам песна“, а во неа ќе се вклучат ученици од вишите одделенија.

Ќе има предавање за тоа како се пишува песна, а потоа децата ќе творат. Ќе учествуваат сите ученици, без разлика дали се членови на литературна секција или не. Песните кои ќе ги напишат ќе ги презентираат во четврток во објектот “Бубамара“ кај Чик - вели Надица Петровска, директор на ОУ “Вук Караџиќ“.

Оваа работилница во училиштето традиционално се организира додека трае Месецот на книгата од 15 октомври до 15 ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk