Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хуманитарната организација „Крепост“ неодамна донираше помош за 7 сиромашни семејства од Куманово.
Донирана им е храна и облека на семејства со повеќе деца, тешко болни луѓе, невработени или социјални случаи.
Од нив 5 семејства се од стариот список, а 2 се нови донации. Списокот на семејства на кои им е потребна помош постојано се зголемува и се околу 50 досега. На некои редовно им се помага зависно од можностите и приходите на „Крепост“. Нашиот буџет е скромен и имаме мали донации - велат од „Крепост“.
Од оваа хуманитарна организација апелираат до граѓаните за Нова година и Божиќ да донираат за посиромашните семејства доколку се во можност.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk