Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По објавувањето на тажната приказна за осумченото семејство Младеновски, кое живее во исклучително тешки услови во кумановското село Враготурце, повеќе организации и поединци понудија помош.
Хуманитарната организација “Крепост“ започна акција меѓу своите членови во која можат да се вклучат и останатите граѓани.
„Веќе собравме брашно, храна, постелнина,кебиња, хигиенски пакети и парични средства. Акцијата ќе трае до средината на наредната недела и сите граѓани кои имаат можност и желба можат помошта да ја донесат во црквата Свети Никола,- вели Христијан Георгиевски, претседател на Крепост.
Од здружението напоменуваат граѓаните да не носат облека, бидејќи има доволно соберено.
На семејството Младеновски, најнеопходен им е стан во Старо Нагоричане или околните села, бидејќи прводеленчето Елеонора пешачи повеќе од 10 километри да стигне во училиште.
Таткото Новко Младеновски е целосно слеп, неговата сопруга има ментален хендикеп, додека на петте деца видот им е оштетен од 50 до 95 отсто. Ова семејство бара државата да им даде социјален стан за да слезат од планината и нормално да живејат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk