“Крепост“ во акција за помош на сиромашните семејства

05.01.2015 09:44 | KumanovoNews

Хуманитарната организација “Крепост“ од неодамна започна со акции за помош на болните и сиромашни кумановци, кои не можат самите да си обезбедат егзистенција.

“Крепост“ во акција за помош на сиромашните семејства

 За месец и половина организацијата реализирала над 30 донации во храна, дрва за огрев и лекови.

“Ние сме група на граѓани, од кои голем дел се верници и сакаат да помагаат, да прават добро. Засега броиме 100 членови, и тие месечно донираат најмалку по 100 денари, но има и такви кои месечно одвојуваат од 3000 до 5000 денари. Им помагаме на луѓето кои се сиромашни, болни, не можат да работат, бездомници и слично. Сите ние знаеме во нашето маало кој е најсиромашен, одиме кај нив, ги прашуваме што им е најпотребно“ - вели Христијан Георгиевски, претставник на “Крепост“.

Георгиевски додава дека “Крепост“ наиде на позитивен прием кај сите поради хуманитарната работа која ја врши.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk