Криел хероин во уста

13.05.2012 15:16 | KumanovoNews

 Полицијата ноќеска пронашла хероин кај Ч.Д.(32) од Куманово.

Криел хероин во уста

При полициска контрола во Черкеско село, петнаесет минути по полноќ, било запрено возило со кое управувал Ч.Д.. При тоа се пронајдени 4,23 грама наркотична дрога „хероин“, спакувана во најлонско топче. Додека полицијата го претресувала возачот, тој дрогата ја држел во уста.

СВР-Куманово  против Ч.Д. поднесе кривична пријава  за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk