Криел шверцувани кошули и маици

29.12.2011 12:54 | KumanovoNews

 С.В.(42) од с.Алгуња во својот дом криел стоки кои нелегално биле внесени преку граница.

Криел шверцувани кошули и маици

Имено кај пријавениот полицијата нашла шверцувани 700 кошули и 3.270 маици. За нив сопственикот избегнал давачките во износ од 720.672 денари, на штета на Буџетот на РМ. При претрес во неговиот дом, текстилната стока е пронајдена и одземена.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава за прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk