Крива Паланка го модернизира градскиот пазар

08.05.2020 08:51 | KumanovoNews

 Во Општина Крива Паланка започна да се реализара проектот за модернизација на градскиот зелен пазар. Деновиве интензивно се работи на поставувања на 120 покриени метални тезги, 30 подвижни дрвени тезги, како и 20 витрини со ладилник.

Крива Паланка го модернизира градскиот пазар

Овој проект, Општината го  реализира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Вкупната вредност на инвестицијата  е во висина од 6.948.700 денари,  од кои 50% од вредноста се обезбедени директно од Буџетот на Општина Крива Паланка.

Со реализацијата на овој проект, значително ќе се подобрат условите за стандардизиран и современ начин на чување и изложување на земјоделските производи, нивно складирање и продажба, а воедно ќе се овозможат и квалитетни услови за работа на продавачите и примање на услуги од страна на потрошувачите, - соопштуваат од Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk