Крива Паланка го одбележа Светскиот ден на волонтерството

04.12.2020 19:15 | KumanovoNews

Општина Крива Паланка и Општинската организација на Црвен крст на пригоден начин го одбележаа Светскиот ден на волонтерството - 5 декември.

Крива Паланка го одбележа Светскиот ден на волонтерството

На свеченоста беа доделени признанија за волонтери на 2020 година, како и благодарници за донаторите-поддржувачи од бизнис секторот.

-Им се поклонувам на сите волонтери, кои без никаков надоместок и во секое време беа на располагање и несебично учествуваа во доброволната работа. Особено изразувам благодарност на волонтерите на Црвениот крст, здравствените работници и сите поединци и деловни субјекти кои се вклучија во борбата со КОВИД 19. Тие се бесценети личности, исклучителни за секоја заедница, - истакна градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Од името на Општината признанија и благодарници им беа доделени на 7 деловни субјекти, како и на повеќе волонтери од Црвен крст Крива Паланка, противпожарна единица и Центарот за јавно здравје. Подрчната единица на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, пак, покрај признанието, го доби и преодниот пехар на ООЦК Крива Паланка за особени постигнувања и пожртвуваност во справувањето на последиците од ковид кризата.

Преодниот пехар беше предаден од страна на општина Крива Паланка, која го имаше изминатата година во знак на бројните иницијативи и поддршката на волонтерството.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk