Крива Паланка ја подржува акцијата за мапирање и чистење на дивите депонии

01.06.2018 08:50 | KumanovoNews

 Општина Крива Паланка ќе се вклучи во најголемата меѓународна граѓанска акција за мапирање и чистење на дивите депонии, која ќе се одржи на 15 септември 2018 година, кога милиони волонтери од 150 земји ќе се обединат да го исчистат светот во еден ден.

Крива Паланка ја подржува акцијата за мапирање и чистење на дивите депонии

Во пресрет на Светскиот ден на чистење, Општина Крива Паланка се вклучува во иницијативата на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје и  Министерството за животна средина и просторно планирање, во глобалната акција за мапирање на диви депонии и воедно ги повикува граѓаните активно да се вклучат во оваа акција.

Мапирањето на дивите депонии е поедноставено и достапно на сите само преку користење на апликацијата за мапирање World Cleanup.

Местата со диви депонии и расфрлано ѓубре кои граѓаните ќе ги забележат во своето соседство или во околината,  може лесно да ја обележат нивната локација со користење на лесната апликација за мапирање.

Преземете ја апликацијата и почнете да мапирате! www.worldcleanupday.org/get-the-app

Локациите кои ќе се мапираат ќе се чистат во големата светска акција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk