Крива Паланка меѓу трите најеколошки општини

11.11.2021 13:33 | Жаклина Цветковска

Крива Паланка се најде на третото место на најеколошка општина за 2020 година, покрај општините Карпош и Кочани, според резултатите од конкурсот, кој традиционално  го распишуваат „Пакомак“  и „Балкан еко институт“.

Крива Паланка меѓу трите најеколошки општини

„Рангирањето е направено врз основа на голем број на критериуми како што се количини на соберен селектиран отпад  од домаќинствата и од деловните субјекти и училишта, предвидени средства од  општинскиот буџет за реализација на еко проекти и активности, спроведени еко активности за чистење на диви депонии,,  реализирани кампањи, уредени зелени површини, квалитет на инспекциски надзори и контроли и друго“ информираат од општината.


Општината го добива признанието како резултат на својата посветеност во зачувувањето и унапредувањето  на животната средина, одржливиот развој како и креирањето на навики за постапувањето со разните видови на отпад.

Трите најдобро рангирани општини ќе бидат наградени од страна на  „Пакомак“ и „Шпаркасе банка“ со соодветни еко награди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk