Крива Паланка набави ново возило за снег, се подобруваат условите за зимско одржување

12.04.2022 14:12 | Жаклина Цветковска

Ново современо возило  за чистење на  снег со придружна опрема и  со вредност од три милиони денари е набавено   за Јавното претпријатие „Комуналец“  од Крива Паланка, со што ќе се подобрат  услугите за зимско одржување на подрачјето на целата општина.

Крива Паланка набави ново возило за снег, се подобруваат условите за зимско одржување

Средствата  се  обезбедени преку  проектот „Безбеден сообраќај во зимски услови во Општина Крива Паланка” , со  грант од Бирото за регионален развој и  Министерството за локална самоуправа, во рамки на програмата за намалување на диспаритети помеѓу планските региони.

„Возилото и во останатите периоди од годината ќе може да се интегрира во работењето на претпријатието, со цел активно и навремено  извршување на услугите за граѓаните“, велат од општината.

Со ова возило ќе се докомплетира возниот парк на Јавното комунално претпријатие, кое располага со 6 возила за смет, од кои четири се нови, 2 камиони, 2 скипа и 1 трактор, а ова ново возило ќе биде 12-то во возниот парк.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk