Крива Паланка постави туристички портали

08.05.2012 08:02 | KumanovoNews

За забавата, храната, знаменитостите и сместувачките капацитети посетителите на Крива Паланка ќе можат да се информираат од инфо портали.

Крива Паланка постави туристички портали

Туризмот ќе се промовира преку уреди со монитор на допир кои се мрежно поврзани на специјализиран софтвер. Покрај податоци, на мониторите има фотографии, линкови, можност за резервација по пат на интернет и контакт телефони. Овие туристички терминали се дел од проектот “Туризам без граници“. 4 платформи се поставени во Ќустендил , една во Крива Паланка на манастирот Свети Јоаким Осоговски, и другата платформа е во Штип.

Проектот чини 300 000 евра кои се обезбедени од ИПА програмата за пограничка соработка меѓу Македонија и Бугарија. Со експонирање на туристичките потенцијали пограничкиот реон ќе заживее и економски и социјално ќе се развива. За сето ова ќе биде изработена и рекламна стратегија, а туристите информации ќе добиваат на англиски, италијански, бугарски и македонски јазик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk