Крива Паланка со буџет од 421 милион денари во 2021 година

14.01.2021 10:51 | KumanovoNews

Буџетот на Крива Паланка за 2021 година изнесува 421.051.329 денари.

Крива Паланка со буџет од 421 милион денари во 2021 година

Основниот буџет е 176.319.992 денари, буџетот на дотации 196.181.000 денари, самофинансирачките активности 4.290.000 денари, блок дотациите 196.181.000 денари, донациите се проектирани на 18.260.337 денари, а буџетот на кредити 26.000.000 денари.

Од Општината посочуваат дека буџетот е реален, а истиот презема и обврски (долгови) од предходните години.

Најголем дел од приходите се очекува да бидат остварени од трансфери и донации (68,45%), од кои најмногу се трансфери од други нивоа на власт. Останатите се од даночни и неданочни приходи, капитални приходи и домашно задолжување.

Најмногу расходи се предвидени за образованието (42,78%), потоа за изградба и одржување на комуналната инфраструктура (31,06%), општи јавни служби (14,51%), социјална заштита (97,98%) итн.

Капиталните инвестиции изнесуваат 86.800.000 денари, а најголем дел од нив се предвидени за програмите за изградба и одржување на локални патишта и улици и за изградба на канализациски мрежи.

Буџетот е креиран според начелата на економичност и рационалност во трошењето на буџетските средства. Изготвен е врз основа на дефинирани програми, транспарентно планирање, дисциплинирано трошење и ригорозна контрола на непродуктивните расходи, без да се наруши нормалното функционирање на буџетските институции.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk