Крива река го однела мостот во Довезенце

10.03.2016 19:12 | KumanovoNews

Надојдената вода во Крива река, попладнево го однела импровизираниот мост во селото Довезенце, поради што дел од жителите останале отсечени од градот.

Крива река го однела мостот во Довезенце

„Триесетина жители од селото немаат можност да ја минат реката за да дојдат во другиот дел на селото. Мостот што сами го правеа водата целосно го однела. Луѓето имаат добиток, носат млеко секој ден. Незнам како ќе се справат со овој проблем кога водата постојано надоаѓа и се излева, - ни изјави советникот Тони Трајковски од ТМОРО.

Проблемот со мостот на Крива река во Довезенце е актуелен неколку години наназад, бидејќи жителите бараат општината Куманово да го направи, а од локалната самоуправа тврдат дека немаат пари за толкава инвестиција. Тие направија импровизиран мост, кој беше оштетен во минатогодишните поплави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk