Крива река поплави куќи, викендички и помошни објекти

02.02.2015 08:52 | KumanovoNews

Крива река во селата Јачинце, Довезенце  и Клечовце, вчера поплави 25 помошни објекти, десетина куќи и исто толку викендици.

Крива река поплави куќи, викендички и помошни објекти

Од Регионалниот центар за управување со кризи, велат дека во Јачинце настрадале најмногу, 25,  помошни објекти, а  жителите одбиле да бидат евакуирани, поради грижа за добитокот.

“Во село Клечовце поплавени се 7 викендици, земјоделско земјиште и патот Војник - Клечовце во должина од 800 метри. Во село Довезенце се зафатени 5 куќи и ниви. Во село Пчиња реката Пчиња се излеа на фудбалското игралиште, но нема поплавено куќи и други објекти и нема предизвикано поголеми проблеми“ - велат од РЦУК.

Од Министерството за здравство препорачуваат во поплавените населени места, доколку се користи вода од приватни бунари, истата да се преврие пред употреба. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk