Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, поради незаконски вработувања

06.05.2025 13:00 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, поради незаконски вработувања

„Пријавениот - како директор на  Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос. констатирано од Државен инспекторат за труд. На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Куманово“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk