Кумановец со фалсификувани пари сакал да купи гориво

20.12.2022 15:43 | Жаклина Цветковска

Четириесет годишен кумановец  доби кривична пријава за набавка и употреба на фалсификувана банкнота  од 2.000 денари.

Кумановец со фалсификувани пари сакал да купи гориво

Тоја ја употребил банкнотата  при купување гориво на бензинска станица во Скопје.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против него , поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари" по член 268 од Кривичниот законик.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk