Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Ј.(69) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
„Пријавениот, како претседател на Здружение на пензионери Куманово, на 20.12.2021 донел одлука за усогласување на висината на надоместок на функционерите на здружението, со што постапил спротивно на Статутот на здружението и Одлуката на Собранието на здружението од 19.02.2016 година. На тој начин за себе, секретарот и потпретседателот на здружението во 2022 година исплатил сума во вкупен износ од 60.000 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Здружение на пензионери Куманово“, соопшти СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk