Кривична пријава за бесправна градба

12.12.2017 09:12 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.М.(54) од Куманово, поради постоење основи сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

Кривична пријава за бесправна градба

Пријавениот, во текот на 2016 година, во Куманово на улица „506“, како инвеститор и како изведувач на градба, извршил градежни работи и изградил семејна стамбена куќа на парцела, сопственост на неговата сопруга Р.М., без одобрение за градење и заверен основен проект, издаден од  Секторот за урбанизам при Општина Куманово. 


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk