Кривична пријава за двајца кумановци- фатени со наркотици

23.10.2019 09:52 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против двајца кумановци, под соменени дека вршеле неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.

Кривична пријава за двајца кумановци- фатени со наркотици

 СВР Куманово на 22.10.2019 поднесе кривична пријава против Е.Г.(37) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.08.2019 околу 21.20 часот полициски службеници извршиле преглед над него и на патничко моторно возило „југо“, со кумановски регистарски ознаки, со кое тој управувал, при што пронашле и одзеле амфетамини. 

СВР Куманово на 22.10.2019 поднесе кривична пријава против Б.А (36) од Куманово, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.05.2019 околу 18.15 часот, полициски службеници при преглед на Б.А, пронашле и одзеле амфетамини и таблетки метилен – диоксиметамфетамин.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk